
Ако нема промени на табелата Македонија може да се пласира на Светското првенство во фудбал 2026
Ако до крајот на квалификациите нема промени на табелата Македонија може да се пласира на Светското првенство во фудбал 2026.
По четири кола Македонија со победата против Казахстан е на првото место во групата Ј во рамки на квалификациите за светското првенство што ќе се игра идната година во САД.
Македонија ќе биде прва најмалку до вечерва пред полноќ односно до завршување на мечот Белгија – Велс каде домаќините се фаворити и се очекува нивна победа.
Ако Белгија победи или одигра нерешено Македонија ќе остане на правото место во групата најмалку до следното коло.
Ако победи Велс оваа репрезентација ќе дојде на чело на табелата.
До крајот Македонија има уште 4 меча во кои за сигурен пласман или бараж ќе и бидат потребни најмалку 7 бода плус резултати во кои Белгија и Велс ќе загубат или ремизираат.
Првиот во групата се пласира директно на СП 2026 а вториот игра бараж за пласман.