
Ѓорѓиевски од Долно Лисиче: Сплотени во верата, посилни како народ
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на светата Архиерејска Литургија по повод празникот посветен на Света Троица, која се одржа во истоимениот храм во населбата Долно Лисиче.

На покана на старешината на храмот, отец Оливер, и во придружба на својот колега Дејан Митески, Ѓорѓиевски беше дел од литургијата со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Во Долно Лисиче, празникот Света Троица се празнува како селска слава, а градоначалникот изрази голема чест што присуствуваше и на славскиот ручек заедно со Архиепископот, свештенството и верниците.

„Овој ден е за почеток на нови, убави нешта. Нека започне бериќет, здравје и позитивни мисли за нашиот македонски народ,“ истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека празникот кој се слави првиот понеделник по Педесетница, го симболизира слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите.
Тој порача дека црквите и манастирите треба да бидат постојано полни, затоа што токму таму, народот е најсплотен и најсилен.
„За многу години Света Троица,“ заврши градоначалникот Ѓорѓиевски.