Сања Божиновска: Да се биде жена во „машка„ професија не значи да се менуваш себеси туку стереотипите!

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ
Во Македонија каде енергетиката сѐ уште се смета за „машка“ професија, Министерството за енергетика го води жена. Сања Божиновска има силна академска основа со образование стекнато низ универзитети во Европа и САД и има голема желба да ја отвори широко вратата за што повеќе жени во енергетиката.

Студиравте бизнис администрација и политички науки во Чешка, магистриравте на интернационален бизнис во Холандија, па ја завршивте Програмата за енергетска транзиција и лидерство исто во Холандија, Програмата за жени лидерки на Харвард. Какви се светските искуства, дали и таму енергетиката се смета за „машка“ професија?

 

Мојот образовен пат беше вистинско патување низ предизвици, но вистинската трансформација започна кога се насочив кон енергетиката, каде бројките за родова застапеност сè уште се диспропорционални. Програмата за енергетска транзиција и лидерство во Холандија ми отвори нови перспективи, но и реалноста дека, како жена, мораш да вложиш дополнителен труд за да бидеш слушната, прифатена и вреднувана подеднакво. Она што ме водеше беше визијата дека жените не само што имаат што да кажат во енергетскиот сектор, туку и нивниот придонес е неопходен за вистинска транзиција – не само енергетска, туку и општествена. На Програмата за жени лидерки на „Харвард“се сретнав  со жени од светот кои се соочуваат со слични предизвици, но и ја градат својата сила преку солидарност и лидерство. Научив дека не е доволно само да се биде компетентна, туку и гласна, видлива и подготвена за рушење на бариери.

Треба ли жената да се менува за да се вклопи во  тој свет?   

 

Да се биде жена во „машка“ професија не значи да се менуваш себеси за да се вклопиш. Напротив, значи да бидеш автентична, храбра и доследна на својата визија, и преку тоа да го прошируваш просторот за сите млади жени кои размислуваат дали припаѓаат во техничките и енергетските науки. Да, патот беше предизвикувачки, но токму предизвиците ме направија посилна, поупорна и поодлучна да отворам врати за другите.

Не дозволив да бидам дефинирана од предрасудите, туку по резултатите

Целото интервју може да го прочитате на иновативност.мк