
ТОДОР АНЃУШЕВ: БРЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БАТЕРИИ МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ОВА ЛЕТО
БАТЕРИСКИТЕ СИСТЕМИ ЌЕ НАПРАВАТ ЗАШТЕДИ И ПРОФИТИ КАЈ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ, КОИ СЕГА СЕ СООЧУВААТ СО ЗАГУБИ ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ИСТО ВРЕМЕ
Летото е на прагот, производството на електрична енергија од сонце веќе се засилува, а цените преку ден паѓаат.
Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, во рамките на ФЕРОИНВЕСТ. Според Анѓушев, сега веќе никој нема дилема дека системите за складирање на електрична енергија се неизбежен следен чекор во енергетската транзиција. „Имаме клиенти кои бараат батерии и за електрани на фабрички кровови, и за електрани на земја, а батерии ставаат дури и големи станбени објекти“ – вели Тодор Анѓушев.
1. Г-не Анѓушев, како семејна компанија ФЕРОИНВЕСТ 20 години работи на полето на обновливи извори на енергија и цениме дека сте компетентни да дадете Ваше мислење за состојбата која во моментов се случува во Македонија.
Се изградија многу фотоволтаични електрани во последните некоку години, а сега се испоставува дека се и премногу, и дека системот не може да ја прими таа енергија. Претпоставувам дека ако досега имавте клиенти кои бараа да им изградите електрана, сега главно доаѓаат клиенти кои всушност бараат батерии за нивните електрани?
Благодарам за можноста и ценам дека секоја јавна дискусија за оваа тема која е нова за нас како општество ќе биде корисна и за инвеститорите и за сите чинители во енергетскиот сектор. Да, неколку години главните инвестиции беа во фотоволтаични централи, а сега веќе расте потребата и интересот за батерии, односно како на тие централи да се надоградат батерии, или ако се гради нова електрана тогаш да се гради заедно со батерија.
И оваа пролет се случува истото како лани, дури и поизразено. Уште во мај берзата покажуваше минусни цени, односно призводителите или треба да ја исклучат електраната или треба да платат за некој да им ја откупи електричната енергија. Вишокот електрична енергија од обновливи извори прави проблеми и дебаланс во мрежата и јасно е дека складирањето станува неопходност и е неизоставен чекор од енергетската транзиција.
2. Дали не е веќе доцна за ова лето?
Не е доцна. Ако се почне веднаш, ќе се фати пикот на летните месеци кога производството на електрична енергија е најголемо, а цените најниски. Но, ако се чека повеќе, тој период ќе помине и инвеститорите оваа година ќе имаат загуби.
Ние како ФЕРОИНВЕСТ можеме веднаш да поставиме батерија за клиентот, во најкус рок. Ние можеме да дадеме најдобар сервис и услови за нашите клиенти, и тоа од две причини. Првата е што имаме батериски системи на залиха, така што клиентите за кои ќе изведуваме нема да чекаат. Батериските системи кои ФЕРОИНВЕСТ ги нарача се од нашите партнери кои се реномирани производители на батериски системи и кои имаат инсталирано големи количини во Европа. Втората причина е нашето досегашно долгогодишно искуство во енергетиката и големиот број на технички персонал.
Како што кажав, во Македонија веќе се вградуваат батерии, пред се на фотоволтаици на домаќинства, односно куќи, потоа на фабриките кои ги поставиле фотоволтаиците на своите кровови за да произведуваат своја електрична енергија што си ја користат при нивната работа во погоните, но големи батериски системи се решение и за големи фотонапонски електрани на земја, кои се изградени за комерцијално производство на електрична енергија.
Пред извесно време се донесоа измените на Законот за градење, потоа и на Законот за енергетика, кои го регулираа и делот со батериите, тука се и Мрежните правила од Регулаторната комисија, се очекува и Закон за обновливи извори, така што од страна на регулатива би требало се’ да биде јасно и инвеститорите да можат да вложуваат врз основа на јасни правила..
Целиот текст може да го прочитате на Капитал.мк