Македонија ја дочекува Белгија: ФФМ со препораки за навивачите пред вечерашниот натпревар

Спорт

Во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испрати важни информации и препораки до сите навивачи.

Организаторите апелираат публиката да пристигне навреме, бидејќи вратите на арената ќе се отворат во 18:45 часот, со цел навивачите навреме да ги заземат своите места и да се избегне метеж на влезовите.

На влезовите ќе бидат распоредени лица облечени во жолти маички, кои ќе вршат скенирање и проверка на билетите. Од навивачите се бара билетите да ги подготват однапред за да се забрза влезот.

ФФМ потсетува дека на секој билет е наведена листата на предмети кои не се дозволени за внесување на стадион. Навивачите се замолуваат да ги почитуваат правилата за безбедност, како за нивната лична така и за колективната сигурност.

Од федерацијата повикуваат сите да понесат знамиња, шалови и реквизити во црвено-жолта боја, со порака:

„Да ја обоиме арената и со силна поддршка да ја водиме Македонија до победа!“