Димитровски: Советниците на СДСМ против важни проекти за развојот на Битола

Македонија

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, во јавна изјава упати сериозни обвинувања кон советниците на СДСМ за, како што вели, систематско спротивставување на развојните проекти кои ги иницира локалната самоуправа во периодот 2021–2025.

Според Димитровски, советничката група на СДСМ гласала против клучни проекти за градот и околните населени места, меѓу кои:

  • реконструкција на планинарскиот дом Копанки,
  • изградба на велосипедски патеки на булеварите Партизанска и Васко Карангелевски,
  • уредување на нов парк во населбата Нова Битола,
  • прифаќање на грант од Европската инвестициона банка во висина од 1 милион евра за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа,
  • изградба на мултифункционален спортски комплекс.

„Се поставува логичното прашање: Што е тоа што не е во ред со поддршката на проекти што носат квалитетен живот за граѓаните?“ — прашува Димитровски.

Тој најави дека на следната седница на Советот ќе бидат предложени нови капитални инвестиции, вклучително и:

  • изградба на спортски игралишта во основните училишта,
  • три нови училишни спортски сали,
  • адаптација на објект во училиште во населбата Буковски ливади,
  • изградба на пет нови паркинзи,
  • како и инфраструктурни зафати низ Битола и населените места.

„Големи се изгледите советниците од СДСМ повторно да гласаат против“, предупредува тој, додавајќи дека „граѓаните јасно гледаат разлика меѓу конкретни дела и празни зборови“.

На крајот, Димитровски потсети дека во мандатот 2017–2021, кога СДСМ беше на власт во општината, освен реконструкцијата на Офицерски и продолжувањето на изградбата на стадионот, не било реализирано ништо суштинско.

„Граѓаните знаат, паметат и ќе ја направат вистинската разлика“, заклучи секретарот на Општина Битола.