ВЛЕН: Арсовска да не молчи за дивоградбите на партнерите од ДУИ во Сарај

СКОПЈЕ

Коалицијата ВЛЕН реагираше на изградба на објект во скопската општина Сарај, за кој, според нив, нема издадено дозвола за градба и се користат фалсификувани документи. Претставникот на ВЛЕН, Мухамед Елмази, јавно ѝ постави прашање на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска: дали објектот се гради на приватно или на државно земјиште?

Елмази најави дека доколку Арсовска продолжи да молчи, ВЛЕН ќе ги активира сите правни механизми против, како што рече, функционери на ДУИ кои градат без дозволи.

„Госпоѓо Арсовска, пред да продолжите да зборувате за бесправната градба и заштитата на јавниот интерес, одговорете. Ќе проговорите ли за дивоградбите и урбаната империја на вашите пријатели од кланот на ДУИ? Ќе барате ли кранови и за овие случаи или ќе ги затворите очите бидејќи се работи за вашите политички партнери?“, изјави Елмази.