
Орце Ѓорѓиевски со нова инвестиција: Модерно игралиште и детско катче кај трим патеката во Кисела Вода
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави целосна реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште и детското катче лоцирани покрај трим патеката во населбата 11 Октомври – Згради. Проектот претставува уште една значајна инвестиција во спортската инфраструктура на општината, насочена кон создавање услови за здрав и активен живот на младите.

Игралиштето ќе биде модернизирано со полипропиленски под – стандарден за летните Олимписки игри – и ќе добие нови кошеви, голови, трибини и целосно уреден простор за рекреација. Во непосредна близина се реконструира и постојното детско катче, кое досега беше руинирано и небезбедно за користење.
„Создаваме спортско-рекреативен простор каде што младите ќе можат да спортуваат, да се дружат и да стекнуваат важни животни вештини. Ова е инвестиција во здрави генерации“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој упати и благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и визијата во развојот на спортската инфраструктура низ целата општина, која денес брои десеттици нови терени.
Проектот, како што додава градоначалникот, е само дел од пошироката стратегија за подобрување на животниот стандард на жителите и создавање општина каква што граѓаните заслужуваат.