
Дали ќе запре падот на УКИМ? Го нема на мапата во регионот
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) годинава не успеа да се најде на ранг-листата на 2.000-те најдобри универзитети во светот, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) за 2025 година. Ова се случува по тоа што минатата година УКИМ се најде на 1.990-то место, но годинава е воопшто исклучен од редот на рангираните.
Во услови кога соседните земји гордо ги претставуваат своите високообразовни институции, Р. Македонија остана без ниту еден претставник во првите 2.000. За споредба:
И додека сите овие земји – вклучувајќи ги и оние кои имаат низок пласман – успеваат да испратат барем по еден универзитет во глобалниот плеј-оф, УКИМ остана зад сите, не успевајќи дури ни да го повтори минатогодишниот успех од 1.990-то место.
Според CWUR, клучните критериуми за рангирање вклучуваат: Квалитет на образованието (25%), вработување на поранешните студенти, квалитет на наставниот кадар,истражувачки перформанси, научни трудови,висококвалитетни публикации, и влијание и цитати.
Додека на врвот, традиционално, се елитите како Харвард, МИТ и Стенфорд од САД, како и Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија, на самиот долен дел на листата за 2025 година соседните земји праќаат универзитети кои секоја година се борат да го задржат своето место. Така, покрај Крагуевац (1.584) и Ниш (1.731), негативниот пласман на Марибор (надвор од ТОП-2.000) ја покажува суштинската разлика во споредба со УКИМ.
На крај, отсуството на УКИМ од листата ја сугерира потребата од сериозна анализа како да се подобри академската и истражувачката инфраструктура дома, за да се избегне срамот кој овој универзитет го доживува во моментот.