Богојески го суспендирал Мерко од ЕУ фондови!

Македонија

Од новинарски кругови блиски до европските дипломатски во Скопје и Брисел, дознаваме дека директорот на Националната агенција, Петар Богојески, лично иницирал итна постапка за суспензија на Универзитетот поврзан со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од сите тековни и идни програми финансирани од Европската Унија.

Според истите извори, причината за ваквата драстична мерка е сериозното нарушување на кредибилитетот на образовните ЕУ програми кои би ги користел Универзитет, за кој се сè погласни обвинувањата за системска продажба на дипломи, нелегитимни студенти од странство и сомнителни трансакции поврзани со европски средства. Универзитетот е веќе предмет на повеќе новинарски истражувања и се поврзува со структури за кои постојат индиции за организиран криминал.

Богојески во известување до ЕК образложил дека донел таква одлука поради заштита на угледот и буџетот на ЕУ и враќање на достоинството во очите на македонските граѓани. Сопственикот е обвинет за повеќе видови криминал и се наоѓа на црната листа на САД.

Интересен момент е што, според сознанија до кои дојде нашата редакција, Богојески побарал и поништување на акредитацијата што ЕУ претходно ја доделила на оваа институција. Според дипломатски извори, оваа постапка е веќе евидентирана кај службите во Европската комисија и предизвикала бурна реакција, особено затоа што институцијата на Мерко била политички туркана преку одредени канали во ЕУ структурата.

Останува да се види дали и кога Европската комисија јавно ќе се произнесе за овој случај, кој зад кулисите веќе се нарекува „преседан на Балканот“ – национална институција во земја кандидат го запира финансирањето на контроверзна структура, со поддршка од јавноста, но спротивно на одредени интереси на бирократи во самата ЕУ.
Побаравме официјална реакција од директорот Богојески и од Националната агенција, на што тој кратко одговори – „постапката е во тек. Угледот и буџетот на ЕУ мора да бидат заштитени.”

Извор – ohrid.1com