
Коњановски со хумор и порака: „И во вицовите има вистина – улиците на Битола ги реконструираме една по една“
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и оваа недела продолжи со својот веќе препознатлив формат „Неделно на кафе муабет со Мими“, но овојпат со доза хумор. Пред Офицерскиот дом, додека разговарале за градски теми, неговата соговорничка Мими му раскажала виц за – токму него, градоначалникот.
Во вицот, Градоначалникот, брзајќи на настан, влегува во такси со неочекуван услов – да биде возен со заврзани очи. Возачот бргу го носи до локацијата, но одбива да каже по кои улици се движеле, со духовитата опаска: „Ако ти кажам, и тие ќе ги ископаш!“
„Добар виц, Мими“, напиша Коњановски на социјалните мрежи, „а во секој виц – по нешто и вистина. Но и по секоја реконструкција – останува подобро од претходното.“
Со ова, Градоначалникот испрати и сериозна порака: Битола е сведок на бројни инфраструктурни проекти – реконструирани улици, нови водоводи, канализации, а работата продолжува со уште поголем интензитет.
„Битола заслужува, со или без виц – ќе продолжиме да работиме“, заврши тој, потенцирајќи дека секоја реконструкција е инвестиција во подобар живот за граѓаните.
Овој муабет, како и секоја недела, го покажува препознатливиот стил на Коњановски – пристапен, директен и со чувство за хумор, но и со јасна визија за Битола.