
Ѓорѓиевски оствари средба со турскиот амбасадор Улусој: Локалната соработка како мост на пријателство
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н.Е. Фатих Улусој. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а на неа присуствуваше и пратеничката Иванка Василевска.

На состанокот беше потенцирана важноста од унапредување на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со фокус на проширување на соработката на локално ниво. Ѓорѓиевски истакна дека општините се директен мост меѓу граѓаните и меѓународната дипломатија и токму преку вакви средби се отвораат можности за реализација на проекти со конкретни придобивки за заедниците.

„Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за нови партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани,“ порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи ја важноста на соработката со Турција во различни области од локален интерес.

Средбата претставува уште еден чекор во насока на продлабочување на билатералните односи, со акцент на практични иницијативи и соработка меѓу општините од двете земји.