Електронските цигари се поштетни за организмот од стандардните цигари

Дали Знаете

– За жал, перцепцијата е дека на Балканов, повеќе години наназад, Македонија е земја со најголем процент на пушачи и дека изминатите години недоволно се практикувале ефективни активности во справувањето со пушењето, што е најчест причинител на рак на белите дробови. Според неофицијални податоци, Македонија се наоѓа во врвот на државите во Европа според користење тутун, односно се смета дека кај нас има приближно двапати поголем број пушачи отколку што се проценува дека е општиот просек во земјите членки на Европската Унија (ЕУ). Мошне посветено работиме на повеќе полиња за да ја промениме оваа негативна состојба, која во пракса честопати е, и/или може да биде, многу опасна по животот на многу десетици илјади наши сограѓани – вели доктор Оливер Зафировски, медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, во интервјуто за Нова Македонија по повод Светскиот ден без тутун (пушење), 31 мај.

– Клиниката за пулмологија и алергологија, со која раководам близу една година, континуирано и макотрпно, со нашиот одличен стручен тим, со сите наши ресурси, ја подобрува својата ефикасност на сите полиња, при што имаме посебна тенденција, со многу наши активности, што повеќе да се обидеме да придонесеме, за да се намали огромниот број пушачи. Се гордеам што работам на клиника што е реткост во регионот и тим од доктори што се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Повеќе од половина година спроведуваме постојана кампања за намалување на бројот на пушачи. На клиникава активно се вклучуваме во најновите третмани и технологии преку кои веќе почнавме да добиваме мошне позитивни резултати со кои ги подобруваме потребите, тековни и идни, на пациентите со пулмонални заболувања, меѓу кои посебен фокус ставаме во превенцијата и борбата, со анимирање на јавноста (за издигнување на свесноста од штетноста на пушењето), особено на пушачите и потенцијалните пушачи, со крајна цел значително намалување на бројот на активните пушачи во Македонија, намалување на интересот и навиките за пушење и одвикнување од пушење. Според едно истражување од есеноска, утврдени се следните проценти со пушењето во Македонија: пушат 45 проценти од населението, 72 проценти од пушачите не се обиделе да престанат да пушат, а 90 отсто од пушачите се свесни за ризикот од пушење – вели д-р Оливер Зафировски за Нова Македонија.

Повеќе на Нова Македонија