Тага во семејството на Ријана: Додека го чека третото дете, ги доби најтажните вести

Lifestyle

Тажна вест за пејачката Ријана — почина нејзиниот татко Роналд Фенти

Светската музичка ѕвезда Ријана ја потресе голема семејна трагедија. Нејзиниот татко, Роналд Фенти, почина на 70-годишна возраст, објави американскиот магазин Page Six.

Според информациите на Starcom Network News, радио-станица со седиште на Барбадос — родната земја на пејачката — Фенти починал во саботата наутро во Лос Анџелес.

Иако официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, медиумите пренесуваат дека се работи за последица од краткотрајна болест.

Семејни извори за радио-станицата изјавиле дека роднините на починатиот се собираат во Калифорнија за да му оддадат последна почит.

Претставникот на Ријана засега не се огласил за јавноста, а и самата пејачка сè уште не излезе со официјална изјава по повод смртта на својот татко.

Веста за загубата доаѓа во чувствителен момент за Ријана, која во моментов го очекува своето трето дете со нејзиниот долгогодишен партнер, раперот A$AP Rocky.