
Го продаде името и се јави на главна каса: Пендаровски вели дека не е потпишан договор со Британија
Поранешниот претседател Стево Пендаровски вели дека Македонија во моментов има само меморандум за соработка со Обединетото Кралство, но не и договор за стратешко партнерство како што најавуваше актуелната влада
Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за ДВ поранешниот претседател Пендаровски
„Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели во разговор за Дојче Веле поранешниот шеф на државата.
„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија. Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор после овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон. Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, вели Пендаровски
Тој додаде дека веста за мигрантските кампови што Британија од септември ќе ги бара од земјите од Западен Балкан е релевантна, бидејќи е пренесена од сериозни британски медиуми кои се повикуваат на извори од британските власти.