Димитриеска – Кочоска: Наместо „шушкање“, понудив конкретно решение за градинките во Струмица

Македонија

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, реагираше на изјавите на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, посочувајќи дека од нејзина страна биле преземени сите потребни чекори за конструктивен дијалог и решавање на проблемот со финансирањето на градинките во општината.

 

Таа информира дека уредно одговорила на барањето за средба испратено од Костадинов, кое, како што потенцира, било поднесено по препорака и иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при Советот на општина Струмица.

„Во дописот потпишан од градоначалникот јасно стои кој ја покренал иницијативата. Врз основа на тоа испратив покана до него и до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со неколку понудени термини, и покрај мојата исполнета агенда,“ истакна министерката.

 

Таа додаде дека како министер за финансии не располага со време за политички препукувања и „шушкања“, туку е фокусирана на реални и ефикасни решенија, секогаш транспарентно и во интерес на граѓаните.