
Бугарите не ја сакаат, ама затоа во Македонија сите ја обожаваат – Василија е нашата нова фолк ѕвезда
Кога се појави на сцената блескаше во преубавиот фустан и зрачеше со елеганција покрај својот колега. Пејачката ги воодушеви сите и со фустанот што го носеше.
Младата пејачка Василија Петрова заедно со Благоја Грујовски го освои второто место на фестивалот „Фолк-фест Валандово“.
Но покрај нивната песна, публиката беше воодушевена и од модната креација со која Василија заблеска на големата сцена. Имено, оваа млада дама за оваа пригода носеше долг „гол“ фустан од бела тантела зачинета со цветови и постава во беж нијанса.
Овој романтичен фустан зрачеше со својата магија, а Василија целото издание го зачини со црвен кармин и црвени високи потпетици.
Раскошниот фустан гја следеше линијата на нејзиното убаво тело, а тенката половина дополнително ја нагласи со тенок бел ремен.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, Василија неодамна се најде во фокусот на јавноста откако во бугарските медиуми беше обвинета за „предавство“.
Имено, пејачката во Бугарија беше обвинета дека се преставува како Македонка иако е родена во Ќустендил и според нив е Бугарка.