
Агриа со отворени врати за студентите: Идните ветеринари на практична настава во кланицата
Во духот на поддршка на образованието и стручното усовршување, компанијата Агриа вчера беше домаќин на група студенти од петта година на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Под менторство на проф. д-р Мирко Проданов и проф. д-р Сандра Мојсова, студентите ја реализираа практичната настава по предметот „Хигиена и технологија на месо“ во кланицата на Агриа.

Студентите имаа можност директно да се запознаат со целиот технолошки процес на работа, под водство на дипл. инж. агроном сточар Марјана Караѓорѓиевска, менаџерка на кланицата. Посетата им овозможи увид во современите стандарди за хигиена, безбедност на храна и практични аспекти од производството на месо.

Од компанијата истакнуваат дека вложувањето во млади кадри е дел од нивната долгорочна визија за развој на агроиндустрискиот сектор. „Градиме знаење и иднина – заедно со младите,“ велат од Агриа, најавувајќи и понатамошна соработка со образовните институции.