
Тони Коњановски ќе биде кандидат за втор мандат на ВМРО ДПМНЕ за Битола, одлучи партијата
Актуелниот градоначалник Тони Коњановски ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за втор мандат за градоначалник на претстојните локaлни избори, соопшти Ѓоргија Сајковски, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, вечерва по состанокот на ИК на партијата. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.