
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ТИРЕ ОД ТУРЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Делегација од стопанственици и претставници од економско-индустриската зона „Тире“ предводена од градоначалникот на Тире, Хајати Окуроглу, како и Мехмед Надир Деликанли, Претседател на бордот на Стопанската комора на Тире и Метин Акташ, Претседател на бордот на претприемачи на Индустриската зона во Тире, денес ја посетија Општина Битола, на средбата присуствуваше и претседателот на Регионалната стопанска комора, Мирко Велковски и други претставници на комората.
На средбата делегацијата беше запозната со можностите за инвестирање во Индустриската зона „Жабени“, поранешната касарна, како и во делот на потпелистерието, за кој општината има донесен урбанистички план.
Турската делегација, ќе ја посети и индустриската зона „Жабени“ во Битола, како и неколку приватни компании во градот.