
ВЛЕН: За само 11 месеци – конкретни проекти, инвестиции во милијарди и вистински промени
Во првите 11 месеци од владеењето, коалицијата ВЛЕН спроведува сериозни економски реформи и капитални инвестиции, со кои, како што велат од таму, се „препишува економската мапа на земјата“.
Како едно од најзначајните постигнувања се издвојува договорот со Обединетото Кралство во вредност од 6 милијарди евра – инвестиција која се очекува да отвори нови перспективи за економски развој, вработување и повисок животен стандард.
Во инфраструктурата се издвојува отворањето на модерниот „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, со најава за слични центри во Јажинце, Табановце и Ќафасан.
Во рамки на капиталните инвестиции, обезбедени се:
• 300 милиони евра за општините – за изградба на училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водоводи и базени;
• 35 милиони евра за новиот универзитетски кампус на „Мајка Тереза“;
• 20 милиони евра за подземен паркинг на Плоштад „Скендербег“ во Скопје;
• 250 милиони евра за поддршка на домашни компании.
Младите земјоделци добиваат по 10.000 евра старт-помош, а забележителен е и растот на платите и пензиите:
• Наставници: +12%
• Здравствени работници: +15%
• Полиција: +10%
• Пензионери: +5.000 денари (за 340.000 лица за 9 месеци)
Во здравството, се зголемува и капитацијата:
• Матични и гинеколози: +33%
• Стоматолози: +22%
Дополнително, се регистрирани 720 милиони евра странски директни инвестиции и создадени 2.790 нови работни места.
„Промената е реална и мерлива. ВЛЕН дејствува, има храброст и носи резултати“, порачуваат од коалицијата, најавувајќи уште посилен фокус на потребите на граѓаните и одржлив економски развој.