ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: После дождот следува сонце, денес ќе имаме максимални 26 степени

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево и потопло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

УХМР најавува дека утре во западните делови, а в четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.