Илиевски: Учениците во Теново наскоро ќе добијат енергетски ефикасно училиште

Македонија

Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска изврши теренски увид во градежните активности што се одвиваат во селото Теново, каде што во тек е поставување на нова термоизолациона фасада на училиштето ПОУ „Гоце Делчев“.

Како што информира Илиевски, работите се одвиваат со задоволителна динамика, а со завршувањето на проектот, училиштето ќе се приклучи на мрежата на енергетски ефикасни образовни установи во општината.

„Продолжуваме со нови проекти во делот на образованието со цел создавање подобри услови за учениците и наставниот кадар. Наш приоритет е непречено одржување на наставата и модернизација на училиштата“, изјави Илиевски.

Општина Брвеница во изминатиот период интензивно инвестира во инфраструктурата на воспитно-образовните институции, со фокус на енергетската ефикасност и одржливоста.