ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Времето за време на викендот, како и во понеделник, ќе биде под влијание на влажен бран, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час.

Од вторник се очекува стабилизација на времето и пораст на дневната температура.