Нова полициска акција во Македонија – „Чистка“ на институции од криминални мрежи

Македонија

Полицијата денеска спроведува координирана акција за расчистување на организирана криминална шема поврзана со незаконско регулирање на престој за странски државјани во земјава. Акцијата, според достапните информации, има и внатрешен карактер и претставува обид за “чистење” на институциите од криминални мрежи.

Според извори блиски до истрагата, зголемено полициско присуство е забележано во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово. Активностите се дел од поширока акција која, неофицијално, вклучува претреси на повеќе од 10 локации – вклучително домови, возила, како и службени простории.

Особено внимание предизвика претресот во просториите на Канцеларијата за странци, која се наоѓа во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТ). Неофицијално Плусинфо пренесува дека се одземаат мобилни телефони, лични предмети и значајна документација која, според сомневањата, е директно поврзана со функционирањето на нелегалната шема.

Извори од Министерството за внатрешни работи велат дека станува збор за „длабоко вкоренет систем на злоупотреба“ и дека се преземаат решителни чекори за враќање на интегритетот во институциите.