Американската амбасада: Поддршка за борбата против корупцијата и владеењето на правото

Македонија

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, и поранешниот министер за јавна администрација, Азир Алиу, денеска беа примени во Амбасадата на САД во Скопје, каде што имаа средба со вршителката на должноста амбасадор, Никол Варнес.

На средбата, како што информираат од Амбасадата, се разговарало за продлабочување на партнерството меѓу Северна Македонија и САД во борбата против корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото и поддршката за доброто управување.

„Имавме продуктивна дискусија за нашето континуирано партнерство во борбата против корупцијата и промоцијата на владеењето на правото и доброто управување“, напиша Варнес по средбата.

Оваа средба е дел од заедничките напори на САД и Северна Македонија за унапредување на реформските процеси и поддршка на институционалната транспарентност и отчетност.