Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани (ФОТО)

Хроника

Искршени се фотографии на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани. Сликите кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени пренесува телевизија МНЕТ.

„ШТИП ДЕНЕС: Искршени сликите на починатите во пожарот во Кочани што беа поставени на плоштадот.

Си патиме од самите себе, самите себе си се секој ден самоуништуваме, НИКОЈ НЕ НИ Е КРИВ…

Каков човек треба да бидеш за ова да го направиш?“, се вели во објавата.