Меџити: Позициите на ВЛЕН во Владата се загарантирани, не зависат од бројот на пратеници

Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, потенцираше дека застапеноста на Албанците во Владата не е условена со бројот на пратеници, туку со политичкиот договор што го има склучено коалицијата ВЛЕН.

Во интервју за централниот дневник на Алсат М, Меџити изјави дека сите позиции што ѝ припаѓаат на ВЛЕН во владеењето ќе останат таму, без разлика на можните промени во парламентарниот состав.

„Она што е на ВЛЕН, ќе остане на ВЛЕН. Кога ја формиравме Владата, не се водевме од бројките, туку од уделот на Албанците. Независно колку пратеници има ВЛЕН, сите позиции ќе останат на ВЛЕН,“ изјави Меџити.