По 18 дена пешачење, поклоникот Серафимоски од Скопје стигна до моштите на Св. Петка

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ

Поклоникот Сашо Серафимовски од Скопје стигна до соборниот храм во Јаши, Романија, каде се наоѓаат моштите на Света Петка.

„Ви благодарам од се срце и душа , што ми дававте подршка на ова поклонувачко ходочасно одење , нека молитвата ви биде за здравје и спасение полно со љубов и благодет. Бидете ми живи и здрави од Бога Благословени“ напиша Серафимовски на социјалните мрежи.

Тој за Јаши, Романија од Скопје тргна пеш на 26 април и пеш помина над 1.200 километри, постојано придружуван од комбе за секој случај.

Серафимовски го најави и следното поклонувачко патување кое ќе започне на 26 мај а чија крајна дестинација ќе биде манастирот Острог во Црна Гора.