Латас го ресетираше Ахмети: Дали Али ги памети гробиштата во Студеничани?

Колумни, Политика

Пошто нема потреба да се правиме дека не сме чуле ни виделе, и да фрламе под тепих за друг да чисти наместо нас, на работите треба да им се пристапи на време, со чиста совест и ладна глава.
А работата е – последната изјава на шефот на ДУИ, Али Ахмети, дека ако се подигне обвинение против поранешниот министер за економија од ДУИ, Крешник Бектеши, следат демонстрации и тие нема да запрат се додека нема вонредни парламентарни избори, а секако ни тогаш, што значи се доека ДУИ не влезе во власт по тие избори, власт предводена од Христијан Мицкоски.
А согласно состојбата на политичкиот простор, апсолутен победник на тие вонредни парламентарни избори би биле ВМРО ДПМНЕ, со сериозна можност да имаат и над 61 пратеник, па во идната власт Али Ахмети со сила сака да го стави ДУИ заедно со ВМРО ДПМНЕ во состојба кога Мицкоски воопшто нема никаква принуда, а во догледно време ни воља, да коалицира со ваков персонален состав на ДУИ, и со ваква радикална и насилна политика и политички уцени. Тоа е тоа.

Да одим по ред. Прво причините за ова коцкарско играње на Али Ахмети. Игра на се или ништо. Меѓународна констатација, од стручни институции, е дека владата на СДСМ и ДУИ беше во врвот на корупција во цела Европа, пред нив беа само во Украина која знаеме каде е сега и што е. Тоа е првата и главна причина зошто, во случајов ДУИ, падна од власт, пишува Латас.

Целата колумна може да ја проследите на линкот подолу.