
Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице
Постои основано сомнение дека првоосомничениот 21-годишник, на почетокот на месецов во Скопје, од непознато лице за сума од 1.100 евра купил пиштол со калибар од 9мм, со избришани податоци за модел и сериски број, целио текст може да го последните на следниот линк.
МИА претходно информираше дека убиството врз 25 годишниот Е.О.е пријавено синоќа во 21.25 часот во СВР-Штип, по што бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал. Синоќа во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, а бил употребен и дрон. Набргу, по преземени мерки, и сторителот К.К. бил пронајден и приведен.