
Дедо од Македонија договорил средба на слепо во Белград, наместо жена го пречекале мажи и го претепале!
Како што е пријавено преку социјалните мрежи запознал женска особа од Белград и договорил состанок со неа.
Отпатувал во Белград, земал соба во хотел и според неговите зборови отишол во парк каде требал да се сретне со неа, но таму доживеал вистински шок. Наместо договорената женска особа се појавила група на мажи кои го ограбиле и го претепале.
Полицијата во Белград работи на расчистување на случајот.