
Ибрахими: И ДУИ, и Влада – не оди Докторе!
Сепак, ВРЕДИ!
Непринципиелната политика на две столчиња и на ставови каде што не се разбира кој е партнер, кој е сојузник, а кој е противник, веќе е минато. Сите што мислат дека можат да играат поинаку, не можат да бидат наши партнери, ниту партнери на оваа влада.
ВЛЕН не може да дозволи ДУИ да биде партнер во владата, ниту преку нејзини продолжени раце, ниту преку алатки што се длабоко заглавени во мрежата на Олигархијата на Криминалот и Корупцијата.
Секој што сака да ја спаси политиката на Сорава, дури и ако тоа го прави со патриотски слогани и со „ангелско“ жртвување, криејќи го на тој начин своето вплеткување во корупцијата, ќе изгори и ќе потоне пред да го спаси оној што веќе е лик на американската црна листа.
Ние сме определени за принципиелна политика што се бори против криминалот и корупцијата, што спроведува реформи во правосудството и што им нуди достоинствен живот на граѓаните.
И ДУИ, и Влада – не оди, Докторе!
Зеќирија Ибрахими претседател на Алтернатива