Попладнево Македонија ќе биде сведок на историски момент – Пристигнува чудотворната икона на Покров на Пресвета Богородица

Македонија

Денес во 18 часот, пристигнува чудотворната икона на Покров на Пресвета Богородица, Македонија ќе биде сведок на историски момент. Оваа света икона, која е посветена на загинатите во трагичната несреќа во Кочанската дискотека Пулс, од сега ќе биде сила на спасение, исцелување и духовна утеха за сите верници.

Иконата ќе биде пречекана со голема почит на граничниот премин Делчево, каде ќе ја чекаат свештениците од Брегалничката епархија, предводени од митрополитот брегалнички г. Иларион. Според монасите од Рилскиот манастир, оваа чудотворна икона е создадена од рацете на јеромонах Павел, кој цели 50 дена вложувал напор и молитва, изработувајќи ја со голема љубов и посветеност.

По пристигнувањето, иконата ќе остане во црквата Св. Ѓорѓи во Кочани, каде што ќе стане вечен заштитник и застапник на кочанчани, но и на сите кои ќе побараат нејзина помош. Се очекува дека оваа светица ќе биде сила која ќе ги исцели душите и телата на сите што се во потреба.

Овој настан носи силна духовна порака за целата држава, потсетувајќи на моќта на верата и чудесните сили на Богородица да донесат утеха и светлина во најтемните моменти.