Урнебесно видео: Роналдо „дрво“ пијан едвај оди, телохранители го држат и штитат од папараци

Забава, Спорт

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо стана актуелен откако се појави видео на кое се гледа како се тетерави додека влегува во автомобил пред ресторан во Мадрид, а телохранители го држат.

Видеото на претседателот на Ваљадолид, како во пијана состојба излегува од ресторан во Мадрид, предизвика бурни реакции кај навивачите. Објавувањето на видеото доаѓа во исклучително чувствителен момент за Ваљадолид, само неколку дена по поразот од Барселона и математички потврденото испаѓање од лигата. Навивачите веќе се лути поради недоволното залагање на Роналдо во текот на сезоната.

Појавувањето на снимката го засили чувството на напуштеност и предавство кај многу навивачи на Ваљадолид, кои бараат објаснување и одговорност од претседателот на клубот.

Роналдо сè уште не дал јавна изјава во врска со овој инцидент, ниту во врска со резултатите на Ваљадолид.