
Бугарско фијаско: Само што слета, веќе приземјен – ПРВИОТ Ф-16 ВО ДЕФЕКТ
Откако првиот авион Ф-16 пристигна во Бугарија, низ бугарската јавност се појавија реакции дека расоста за навидум новиот авион траела кратко, имајќи предвид дека во моментов е неисправен и поради дефект е вон употреба.
Како што пишива Маргарита Павлова, леташе 9.000 километри, слета и полета во Шпанија и Италија, се наполни со гориво и слета во Бугарија за да се расипе!
„Бугарската самоодбрана само што беше активирана се распадна. Вооружените сили се посрамотија, нашата држава купила неисправен авион. Да, неисправен е! Леташе 9.000 километри, слета и полета во Шпанија и Италија, се наполни со гориво и слета во Бугарија за да се расипе. Кога пишувам дека се глупави, па дури и интровертни, нивните поддржувачи се лутат. Па, лутете се, тоа нема да ве направи попаметни. Сега е императив да откријат КОИ се паметните момци во зелени кошули и да ги осудат за шпионажа за странска земја. Ако некој не разбира, зошто шпионажа во корист на странска земја…? Морам и ова да им го објаснам! Но, нема да им го објаснувам тоа“, пишува на својот Фејсбук профил Павлова.