
Оваа пејачка од Бугарија со песна направи многу повеќе за Македонија отколку сите наши политичари заедно
Оваа млада пејачка маѓепсува многумина како со својот беспрекорен глас, така и со своите сценски настапи. Но она со што посебно ги освои Македонците е тоа што не крие дека е Македонка од Бугарија, што од друга страна подигна голема прашина во нејзината земја и многумина ја осудуваат за предавство.
Станува збор за младата и убава пејачка, Василија Петрова, која и покрај тоа што има само 21. година, веќе неколку пати во бугарските медиуми е осудувана затоа што се изјаснила како Македонка, но и настапувала на собири каде се пеат (!) македонски песни.
Па така неодамна бугарскиот портал „Сигнал“ ја обвини дека дури и го сменила правописот на своето име (се мисли на тоа што ја додала буквата „ј“ според македонскиот правопис меѓу буквите „И“ и „А“), па така сега оваа Македонка со потекло од Ќустендил на Фејсбук е Василија, што очигледно им пречи на многумина во Бугарија.