1 Мај може да почне, колони возила на граничниот премин со Грција

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ, Македонија

Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележат големи колони од возила, кои особено од утрово се движат на граничниот премин со Грција, за излез од државата.

Од АМСМ велат дека времето на чекање на „Богородица“ е околу 30 минути. Зголемена фреквенција на возила, рано утринава имаше и на „Табановце“.

Гужвите на грчката граница почнаа од вчера, со оглед на тоа што денешниот 1 Мај е неработен ден, а дел од граѓаните го поврзаа празникот со претстојниот викенд.