
Меџити: Таравари имал тајни средби со Ахмети и олигарси
Таравари имал тајни средби со Ахмети и со олигарси, тврди Изет Меџити од Влен. Според него оваа тајна операција на Таравари траела веќе два месеца и порача дека јавноста многу брзо ќе дознае детали од обидот за разнебитување на коалицијата Влен.
Тој на прес конференција кажа дека коалицијата Влен ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници без партијата на Таравари кој според него веќе е договорен со ДУИ и со тоа се самоисклучил од Влен. Ние, рече Меџити, деновиве ќе ги направиме изборните штабови за локалните избори и додаде дека тие не го исклучиле, туку Таравари се самоисклучил од Влен.
Тврди дека располагаат со докази за тајните средби и договори на Таравари со Ахмети и олигарски без да го спомне пратеникот од ДУИ бизнисменот Јаховски газдата на Пуцко петрол.