Коњановски на трибините во Битола: Македонија се сака и кога победува и кога губи

Спорт

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, од трибините на спортската сала „Боро Чурлевски“ со гордост ја бодреше македонската женска ракометна репрезентација на натпреварот против Полска.

 

„Битола е спортски град! Денес тоа се докажа по којзнае кој пат! Преполна сала и бодрење со полно срце за нашите хероини. Посебна чест беше да бидеме домаќини после седум години на репрезентативен ракометен натпревар,“ изјави Коњановски, упатувајќи благодарност до Ракометната федерација на Македонија за укажаната доверба.

Македонските ракометарки одиграа борбено, но повторно загубија со минимална разлика од фаворизираната Полска – 21:23, во рамки на баражот за Светското првенство 2025.