
Степановски: Лажни информации за трошоците на „Комуналец Битола“, бројките се погрешно претставени
Директорот на битолски „Комуналец“, Горан Степановски денеска преку прес конференција зборуваше за кажаното на вчерашната седница на Советот на Општина Битола, а што било грешно и како што вели, страшно манипулативно.
“Лажните заштитници на бездомните животни и состојбите во ЈП, на вчерашната седница претставуваа грешни бројки и страшно манипулираат. Во врска со изнесените информации, сакаме изворно да ја информираме јавноста со вистински аргументи, а не извртени и нецелосни информации.
Да започнеме со Хачико. За храна за кучиња досега се потрошени помалку од 100.000 денари , а не 3.600.000 колку што изнесува вредноста на рамковната спогодба.
За ветеринарни услуги со 5 економски оператори се искористени околу 1.000.000 до 31.12.2024 година, а не 3.600.000 денари.
За четки за 4 возила – метларки се потрошени 240.000 а не 700.000 денари. Уште една лажна информација.
За резервни делови по сите основи потрошени се 8.000.000 денари, а не над 20.000.000денари.
За паркот од над 55 тешки и лесни возила потрошени се за масла и мазива, антифриз 1.500.000, а не 15.000.000 денари.
Бројките се тие, ако тешко Ви е да разберете – сигурни сме дека граѓаните добро знаат да проценат“ рече Степановски.