Димитриеска – Кочоска: Обезбедуваме стоковни резерви со 1300 тони ориз за безбедност на граѓаните

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Собранието ја усвои дополнетата Среднорочна програма за стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии, со која се предвидува складирање на 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа. Со оваа количина се обезбедува покривање на 60-дневната потрошувачка на населението, а за реализација ќе бидат издвоени околу 100 милиони денари.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изјави дека оризот, како култура од исклучително значење за граѓаните и погоден за складирање, е вклучен во стоковните резерви согласно со последните измени на Законот за стоковни резерви.

Стоковните резерви се формираат со цел обезбедување континуирано снабдување со основни производи во случај на воена или вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи или поголеми пазарни нарушувања. Меѓу производите што се чуваат се пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.