Меџити го повика Таравари на размислување: Не значи ако не се договориш дома, да одиш кај ДУИ!

Македонија

Првиот заменик премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, запрашан за изјавата на Арбен Таравари дека се сретнал со Муса Џафери и Фатмир Дехари, изјави дека комуникацијата се разликува од договорот. Меџити рече дека има комуникација со сите затоа што не сме во војна, но според него, комуникацијата се разликува од постигнување договор.

„Вчеравечер го повикавме Таравари да размисли бидејќи се зборува и самиот потврди дека има разговори со Али Ахмети, со ДУИ. Значи, внатре во ВЛЕН сè е дозволено, легитимно е да се градат позиции, идеи и политички проекти, но демократијата има едно правило: се дебатира про и контра, се изнесуваат аргументите на маса и на крајот, ако бидеш надгласан, се прифаќа предлогот на мнозинството. Но тоа не значи дека ако не се договориш дома, треба да одиш со ставовите на ДУИ“, изјави Меџити.

Тој додаде дека ВЛЕН е формиран како антипод на ДУИ и дека гласовите се добиени за да се донесе промената.