Меџити: Таравари е единствениот што гледа можност за соработка со ДУИ, ВЛЕН наскоро ќе стане партија

Македонија

Првиот вицепремиерот Изет Меџити денес изјави дека коалицијата ВЛЕН претставува антипод на ДУИ и дека нема логика за соработка со нив.
Меџити рече дека Таравари е единствениот кој гледа можност за соработка со партијата на Ахмети.

„Во моментот кога би се соработувало со ДУИ, се губи смислата на промената, се губи суштината на она за што ја побаравме поддршката од гласачите. Ние како субјекти во рамки на ВЛЕН размислуваме овие денови повторно да го чуеме гласот на албанскиот гласач, бидејќи во минатото побараа обединување на албанската опозиција, а сега бараат субјектите да се обединат во една структура под ВЛЕН, и верувам дека во текот на неделата ќе има иницијатива ВЛЕН да стане единствен политички субјект“, рече Меџити.

Тој додаде дека единствениот што има дилеми е Таравари, кој според него треба да му појасни на јавноста дека не може истовремено да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ.