
Илиевски: Заврши асфалтирањето на патот Центар – Лизец во Челопек, градежните активности продолжуваат
Градежните активности во Општина Брвеница продолжуваат со полна пареа, а еден од најновите реализирани проекти е асфалтирањето на локалниот пат Центар – Лизец во село Челопек.

Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, информираше дека оваа реконструкција е дел од пошироката градежна офанзива за подобрување на патната инфраструктура во општината.

„Градежната офанзива за реконструкција и изградба на нови улици и тротоари продолжува. Ние ќе продолжиме да ја градиме нашата општина како модерно и урбано место за живеење“, порача Илиевски.
Општината најавува и нови проекти кои ќе овозможат подобра поврзаност и квалитет на живот за жителите, а тековните градежни зафати се дел од заложбите за развој на локалната заедница.