
Илија Димовски: Трамп е рационалист и тоа е добро за светскиот поредок
Поранешниот пратеник Илија Димовски вечерва во „Отворено“ на ТВ „24“ рече дека за нашата држава најважно е да знаеме што ни треба од крупните играчи во светот и да се фокусираме на тоа.
Тој зборуваше и за новата политика на Трамп во САД.
„Треба да видиме што нам ни треба од крупните играчи и да си го гледаме нашиот интерес. Јас повеќе би се грижел за развојот и слабостите кои ги има Македонија. Ние последниве 100 години сме од повредена страна – сакате со име, идентитет, ние сме најтепани и ние имаме малцинства во земји-членки на ЕУ кои немаат права. Нема народ кој што е потепан од нас од тие неправди на меѓународната политика“, рече Димовски.
Тој рече и дека новата политика на Трамп е „рационалистичка“.
„Овој пат имаме сериозна активност во промена на поредокот. Трамп е рационалист и не е политичар кој ќе прави стратегии за наредните 30 години, тој е рационалист и тоа е добро за светскиот проедок. Имате држави мали како нашата, кои се воинствени, а немаат толкава војска. Кај Трамп и новата американска администрација има порационален пристап. Американската економска елита има констатација дека Америка премногу се троши на светско ниво, дали по фондови, обезбедување мир, и наидуваме на фаза на изолација“, додаде Димовски.