
Илон Маск навива Америка да ги напушти НАТО и Обединетите нации: Милијардерот рече сѐ со овие два збора
Американскиот милијардер Илон Маск денеска на платформата Икс изјави дека се согласува со идејата САД да се повлечат од НАТО и Обединетите нации.

„Се согласувам“ – напиша Маск како одговор на објавата на десничарскиот политички коментатор Гинтер Иглман, кој истакна дека „е време“ Америка да ги напушти овие организации.
Ставот на Маск доаѓа откако неколку републикански законодавци предложија закон за повлекување на САД од ОН, тврдејќи дека оваа организација не е во согласност со политиката „Америка на прво место“ на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.