Сѐ се откажува: Нова изјава од Гранд продукција по смртта на Саша Поповиќ

Сцена

Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 1 март во 70-та година од животот, по кратка и тешка болест.

Во текот на својата исклучително успешна кариера, која траеше повеќе од четири децении, Поповиќ лансираше многу музички ѕвезди и создаде еден од најгледаните проекти во регионот – „Ѕвездите на Гранд“, кои веќе 20 години ја освојуваат публиката.

Новата сезона без Саша Поповиќ

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември 2024 година, но првпат без Саша Поповиќ на позицијата креативен директор. Неговата функција ја презеде Воја Неделковиќ.

Сепак, и покрај влошената здравствена состојба, Поповиќ остана активен и запознаен со сите случувања на снимањата. Внимателно ја следеше емисијата и даваше инструкции на тимот, покажувајќи колку многу му значеше овој проект до самиот крај.

Откажани снимања и комеморација

Поради смртта на Саша Поповиќ, синоќешната епизода на „Ѕвездите на Гранд“ не беше емитувана на телевизијата Пинк, а Гранд продукција донесе одлука да ги откаже сите снимања планирани за следната недела.

Погребот на Саша Поповиќ ќе се одржи во четврток во Белград, додека комеморацијата ќе биде истиот ден.

Причина за смртта

Долго време се шпекулираше за болеста, а според информациите на српските медиуми, Поповиќ помалку од една година водел жестока битка со една од најподмолните и најопасни болести – рак на желудникот.

Во мај минатата година, Саша имаше незгода со ногата, по што посети лекар. При прегледот, се пожалил на болки во стомакот, а по деталните испитувања било откриено најлошото.

Ѕвездите се простуваат од Поповиќ

Веста за смртта на Поповиќ ја потресе естрадата низ целиот регион, а многу пејачи и јавни личности се простија од него преку социјалните мрежи.

Лепа Брена, неговата долгогодишна соработничка и пријателка, напиша: „Не можам да верувам дека го нема. Почивај во мир, драг мој пријателе.“

Инаку, Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ја откажаа промоцијата која беше закажана, а на која требаше да се појави целото семејство Живојиновиќ. Брена и Боба оваа одлука ја донеле поради смртта на Саша Поповиќ.

– Поради ненадејната смрт на нашиот драг пријател, ја одложуваме промоцијата на колекцијата вино. Болката е поголема од се друго и се надеваме на вашето разбирање. Новиот датум на промоција ќе биде 10 март, а за сите дополнителни детали ќе ве информираме подоцна. Ви благодариме за разбирањето. Семејство Живојиновиќ – се наведува во соопштението.

Цеца Ражнатовиќ, исто така, се збогува со него со емотивни зборови:

„Драг мој пријателе, беше ловек од визија, харизма и неисцрпна енергија. Твоето заминување е загуба која не се надоместува, не само за твоето семејство и најблиските, туку и за сите нас кои имавме чест да работиме и да се дружиме со тебе. Ми недостигаш, Саленце, бескрајно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Карлеуша сподели заедничка фотографија и напиша:

„Малку луѓе се за кои ќе се каже дека биле почеток и крај на цела една ера. Збогум, Сале“.

Српската музичка сцена, но и регионалната естрадна сцена, загуби една од најзначајните фигури, а неговото наследство ќе продолжи да живее преку сите проекти што ги создаде и сите ѕвезди што ги создаде во текот на својата кариера.