Меџити во Истанбул: Зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за време на својата официјална посета на Истанбул, оствари средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

Како што информира Меџити, фокусот на разговорот бил ставен на проширување на соработката во клучни области, со посебен акцент на економијата и инвестициите. Двајцата министри разговарале за конкретни чекори кои ќе придонесат за зајакнување на трговските врски и поттикнување на стратешки проекти меѓу Северна Македонија и Турција.

„Ја оценивме Декларацијата потпишана во Истанбул за Советот на високо ниво за соработка како темел на одржливо и долгорочно партнерство“, изјави Меџити по средбата.

 

Оваа посета е дел од континуираните напори за унапредување на билатералните односи и привлекување нови инвестиции кои ќе придонесат за економскиот развој на Северна Македонија.