Тони Коњановски со нов парк и инфраструктурни проекти ја унапредува Битола

Македонија

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, продолжува со реализација на капитални проекти кои ја менуваат сликата на градот и ги подобруваат условите за живот на граѓаните. Најновата инвестиција во м.в „Областа“ ќе донесе современ парк со урбана опрема, игралишта и простор за рекреација, со што жителите добиваат ново место за одмор и спорт.

Паралелно, во тек е реконструкцијата на улицата „Нико Фундали“, проект што опфаќа нова водоводна и канализациона мрежа, како и целосно обновување на коловозот и тротоарите. Со инвестиција од над 15 милиони денари, овие проекти значително ќе го подигнат квалитетот на живот во овој дел на Битола.

Тони Коњановски со својата посветеност и визија продолжува да работи на модернизација на градот, вложувајќи во инфраструктурни решенија кои носат долгорочни придобивки за сите граѓани.